Челниците на АТП, на чело со Дејвид Бредсом, го казнија Ник Киријос со 25.000 долари по недоличното однесување на турнирот во Синсинати.

Доколку продолжи Киријос со „дивеењето“ на турнирите АТП ќе го суспендира на 16 недели надвор од тениските терени, а во наредните 6 месеци не смее ни најмал инцидент да направи како би му се укинале и некои претходни казни.

Австралиецот на Твитер напиша дека поради повреда нема да игра на турнирите во Азија, а тоа следуваше два часа пред АТП да ја објави условната казна за Киријос.

Да потсетиме Киријос веќе беше казнет од турнирот во Синсинати со 113.000 долари, поради што го плукна и вреѓаше главниот судија Фергус Марфи за време на мечот со Качанов.