Австралиецот Ник Киријос повторно е во центарот на вниманието, откако испрати критики на сметка на АТП организацијата.

Тој преку Твитер даде свое мислење околу одржувањето на УС опен, а претходно истото тоа го направија и најдобрите на светот Ѓоковиќ, Надал и Федерер.

„ АТП се обидува УС опен да се одржи. Тоа што го прават е себично, ако се гледа што се случува во моментот. Евидентно е дека КОВИД-19 е присутен и сите мораме да ги минеме овие предизвици“- истакна Австралиецот.

За потсетување, Ролан Гарос е одложен за септември, додека Вимблдон оваа година нема да се одржи, а на одлуката на УС опен се уште се чека.