Австралијанскиот тенисер Ник Кирјос пред финалето на Вимблдон на својот Твитер профил го замоли Роџер Федерер да го победи Новаќ Ѓоковиќ.

Србинот сепак успеа да ја одбрани титулата, по што навивачите на Ѓоковиќ сурово го „нападнаа“ Кирјос и му одговорија на неговиот твит.

„Да сакаше навистина да го запреш Новак, можеше да вложиш труд за да бидеш доволно релевантен и да се соочиш со него во Грен слен, наместо да се надеваш некој друг да го направи тоа место тебе“ – гласи еден од коментарите упатен до Кирјос.