Новак Ѓоковиќ слободното време го минува во Србија, откако неодамна собираше компири, сега го посети манастирот во  Студеница за време на празникот Рождество на Пресвета Богородица.

Вообичаено во овој манастир има народен собир повод Мала Богородица, Ѓоковиќ  присуствуваше на семејна веселба, крштевката на близнаците Владимир и Станко од неговиот чичко.

Тоа го искористија присутните во манастирот па се сликаа со Ѓоковиќ , навистина имаа несекојдневна можност да бидат во друштво со најдобриот светски тенисер во моментов.