Американската тениска сензација Коко Гоф стигна до првата ВТА титула, откако во големото финале на турнирот во Линц ја совлада Јелена Остапенко со 2-1 по сетови.

15-годишната Гоф стана најмладата америчка тенисерка која освоила ВТА титула, а досега овој примат го држеја сестрите Вилијамс кои на свои 17 години прв пат подигаа пехар.

Гоф светот ја запозна на овогодинешниот Вимблдон каде во второто коло ја совлада една од своите идоли, а тоа е големата шампионка Венус Вилијамс.