Швајцарија е земја која има голем број на брендови, но сигурно најголем е тенискиот ас Роџер Федерер. По тој повод самата држава одлучи на специјален начин да му се оддолжи на еден од најдобрите спортисти во историјата.

 

Имено, од 23 декември годинава ќе биде пуштена сребрена монета од 20 швајцарски франци со ликот на Федерер, додека во мај идната година треба да се појави златник од 50 франци на кој исто така ќе се наоѓа ликот на популарниот Федекс.

 

„ Покрај многуте остварени рекорди, вклучувајќи го и рекордниот број освоени грен слем турнири, Роже е активен и во химанитарните активности во Африка и е првиот Швајцарец кој е амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ“- стои во соопштението.

Федерер кој во кариерата има освоено 20 грен слем турнири, ќе биде првиот Швајцарец кој добива ваква чест.