Кратко по победата во Монтреал, Рафаел Надал објави дека нема да настапи на Мастерсот во Синсинати. Како причина за ваквата одлука Шпанецот го наведе заморот.

Надал беше предвиден за втор фаворит на турнирот во Охајо, годинава Шпанецот има скор 41 победа  и шест порази. Следно за Надал е УС Опен.