Јапонската тенисерка Наоми Осака заработи повеќе од 37.милиони долари во претходната годинина што ја прави најплатена спортистка на светот.

Според „Форбс“ таа во последната година заработи 1.4 милиони долари повеќе од својата прославена колешка Серена Вилијамс, која го држеше првото место последните три години во оваа категорија.

Воедно, Осака собори уште еден рекорд по заработка во период од една година. Досега тој рекорд и припаѓаше на Марија Шарапова која во 2015.година заработи 29.7 милиони евра.