Јапонката Наоми Осака, останува на првото место на најновото ВТА рангирање пред Ешли Барти и Каролина Плишкова.

Засега сигурна на четвртата позиција е освојувачката на Вимблдон, Симона Халеп. Украинката Елина Свитолина напредуваше до петото место на сметка на Кики Бертенс која сега е седма.

Во водечката десетка се уште: Петра Квитова, Серена Вилимс, Арија Сабаленка и Мадисон Кејс.