Од денеска започна постот за најголемиот муслимански празник Рамазан Бајрам. Насекаде низ светот се испраќаат пораки со благослов за оние кои ќе постат наредниот период до 11 мај кога е празникот Рамазан Бајрам.

Меѓу оние кои испраќаат пораки се и спортистите, а еден од нив и моментално тенисерот број еден во светот Новак Ѓоковиќ.

„Благослов и среќа им посакувам на оние кои почнуваат со постот“- порача Новак Ѓоковиќ.