Унијата на професионални тенисери (АТП) го премести рестартот на сезоната за 31.јули годинава.

Како што се наведува, тоа е направено во договор со турнирите, а суспензијата се оденесува и на челенџерите и на ИТФ тениските турнири.

„ Поради неизвесност во врска со пандемијата од Коронавирусот, со разочарување објавуваме дека паузата ќе продолжи. Продолжуваме да ги разгледуваме опциите кои се најбезбедни за да во иднина почнат да се одржуваат турнири“- изјави претседателот на АТП, Андреа Гауденчи.