Премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев , преку социјалната мрежа Фејсбук, го покани најдобриот во светот, Новак Ѓоковиќ да го посети Охрид .
Оваа покана доаѓа откако тенисерот од Србија и број еден на АТП листата објави видео како ја пее македонската традиционална песна „Македонско девојче“ и побара слики од Охрид, тој воедно најави дека би му било преубаво да дојде во Охрид.
Како одговор на оваа желба на првиот тенисер во светот и осминафиналист на Вимблдон годинава а каде ја брани титулата од лани , предводникот на владата на СРМ му упати покана:
„Прекрасно е чувството кога Ас како тебе се обраќа со почит и љубов на нашиот македонски народ и на сите граѓани во Северна Македонија. Те чекаме во Охрид и Скопје и на сите други убави места, тука во нашиот мозаик од култури и вредности. Ти упатувам отворена покана во име на Владата и во име на нашите граѓани.Воедно, те следиме на Вимблдон 🎾 и ти посакуваме успех“ – порача Премиерот Заев.
Be the first to write a comment.