Новак Ѓоковиќ го засили својот тим, нов член е Хрватот Горан Иванишевиќ. Се уште не е сигурно дали Иванишевиќ е ангажиран само за неофицијалното светско тениско првенство или станува збор за долгорочна соработка. Она што е сигурно е дека Вајда останува главен во тимот.

Медиумите објавуваат фотографии од Лондон каде двајцата веќе работат на теренот, под будното око на Вајда.

На Иванишевиќ, Ѓоковиќ му е четврт тренерски ангажман.