Американката Серена Вилијамс го предаде мечот против Цветанка Пиронкова, натпревар од втората рунда  на Ролан Гарос.

Серена има повреда на Ахиловата тетива,  акутна поради која ќе отсуствува  две до три недели од терените.

Ова значи крај за Серена за оваа натпреварувачка сезона, Ролан Гарос го потврди нејзиното повлекување.

„Се трудев да настапам, но едноставно тешко ми е, имам болки и не можам да  чекорам нормално. Тоа беше знак за да се повлечам и да се фокусирам на опоравување“, изјави Вилијамс.