Натпреварот од третото коло меѓу Штруф и Кукушкин на Вимблдон вчера беше прекинат повеќе од еден час откако на една навивачка и се слоши.

Светските медиуми јавуваат дека 60 годишната жена доживеала срцев удар на трибините не теренот 12 каде се играше мечот меѓу тенисерите од Германија и од Казахстан.

„На жената и беше пружена итна медицинска помош и беше успешно реанимирана пред да биде пренесена во локалната болница. Играта беше прекината, а теренот и трибините испразнети за да и’ се пружи соодветната помош.“ – се наведува во официјалното соопштение од организаторот на Вимблдон.