Во дерби мечот од четврфиналната рунда на турнирот во Пекинг Доминик Тием успеа да го сопре „забрефтаниот“ Енди Мареј со 6-2 и 7-6 и обезбеди пласман во полуфиналето.

Британецот не успеа да направи уште едно изненадување, но покажа на овој турнир дека полека ја враќа старата форма и дека повредата на колкот е минато.

Макисмално спремен Мареј може да се очекува на стартот на наредната сезона, а прв поголем предизвик е отвореното првенство на Австралија.

Австриецот  во полуфиналето ќе игра против Карен Качанов кој во 3 сета беше подобар од Фабио Фоњини.