Новак и Ѓорѓе Ѓоковиќ ги пречекаа  Доминик Тим и Александр Зверев на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград.

Најдобриот тенисер на светот и директорот на Адриа Тур им посакаа добредојде на Австриецот, а потоа и на Германецот кои ќе бидат дел од хуманитарниот спектакл во Белград кој го организира Ѓоковиќ.

„ Благодарам за Новак што организира еден ваков настан, на кој примарна цел е хуманитарниот аспект. Секако ќе се обидеме да прикажеме што подобар тенис и на публиката им приредиме спектакл“- изјави Тим.