Новак Ѓоковиќ ја одбрани титулата на Вимблдон .Србинот во финалето го совлада најдобриот тенисер на сите времиња Швајцарецот Рожер Федерер со 3-2 по сетови.(7-6/5, 1-6, 7-6/4, 4-6, 13-12).
Во исцрпувачки меч, вистински спектакл маратон кој траеше повеќе од пет часа, петтиот сет Ѓоковиќ го доби со новото правило по дури 25 гема во тај-брејк со 13-12, на крај за заслужен триумф и победа на Вимблдон.
Федерер во петтиот сет при 8-7 имаше и две меч топки, но не успеа да ги искористи да триумфира.
Оваа е петти пехар на Вимблдон за српскиот тенисер по успесите во 2011,2014,2015 и 2018 година.
Be the first to write a comment.