Француската министерка за спорт Роксана Марасинену изјави дека продолжението на спортските натпревари не е приоритет во ек на борба против пандемијата на коронавирусот.

„Спортот нема да биде приоритет во нашето друштво“– изјави Марасинену.

Станало збор за Ролан Гарос кој според првичниот план треба дасе одигра од 23 мај до 6 јуни. Сепак, вториот Гренд Слем од оваа сезона би можел да биде одржан во друг термин.

„Во разговори сме со тениската федерација на Франција, како би виделе дали треба да се промени датумот за Ролан Гарос. Иако спортот на високо ниво во Франција засега е сочуван, се обидување на ограничиме ризиците од ширење на вирусот во професионалниот спорт, а ситуацијата не е добра“– изјавила Марасинену.

Турнирот во Франција минатата година започна во октомври, а титулата ја оспои Рафаел Надал.

Франција во саботата влезе во третата национална блокада со цел сузбивање на ширењето на коронавирусот, но барем засега професионалните спортови се поштедени. Освен еднодневната велосипедска трка Париз- Рубо, која е откажана.

Францускиот претседател Емануел Макрон во средата најави дека очекува повторно отворање на земјата во средината на мај.