34 годишниот Жереми Шарди кој со Франција го освои Дејвис Купот пред осум години и беше 25-ти играч на светот, објави дека на неодредено време ќе престане да игра тенис.

Како што наведува причината е силната болка по целото тело која ја чувствува откако примил вакцина против ковид 19.

„Се вакцинирав во август, меѓу Олимписките игри и УС Опен. Го направив тоа иако не морав, затоа што на турнирите тоа не е задолжително, како пример нешто добро за човештвото. Меѓутоа, откако ја примив вакцината, минувам низ пекол. Било каков физички напор ми носи страшна, неподнослива болка. Не можам да тренирам, не можам да играм. Бев на детални прегледи кај два лекари, но тие не ми најдоа никаква повреда или болест, а јас знам дека почетокот на таа ужасна болка коинцидира со примената вакцина. Затоа што после игрите во Токио се чувствував добро“- изјави Шарди за АФП.