Новак Ѓоковиќ и Гаел Монфис попладнево од 16 часот во Дубаи играат во пилфуналето на АТП турнирот од серијата 500, апсолутен фаворит е Србинот кој нема пораз од францускиот тенисер.

Монфис вели дека вечерва ќе игра без план против Ѓоковиќ, вели подготвен е за новиот предизвик, 17. дуел, но нема подготвувано тактика за вечерва.

„Искрено не знам каков ми е планот за вечерва, против Ѓоковиќ претходно имав 16. исите пропаднаа“ – изјави Монфис пред дуелот со Србинот.

Ѓоковиќ и Монфис досега се сретнаа 16. пати и сите дуели ги доби Србинот.