Ришар Гарске се сметаше за еден од најталентираните француски тенисери со најубавиот за око еднорачен бекенд. Но, Гаске не ги оправда очекувањата на француската јавност и експертите, не успеа да освои грен слем титула. Вината за неговиот неуспех ја гледа во тоа што тој игра во ерата на Рожер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

„Ривали ни се најдобрите тројца тенисери во историјата. Не сакам да зборувам јавно за тоа, но никој никогаш не бил подобар од нив. А, сите тројца, Федерер, Надал и Ѓоковиќ, играат во иста тениска ера. Секогаш кога ќе дојдев до полуфинале на грен слем, играв против нив – вели Гаске.

Французинот признава дека на големите турнири како грен слем, никогаш немал лесен ждреп и поради тоа не беше во можност да триумфира. Иако сите мислат дека ривалите имаат психолошки проблеми кога играат против големата тројка, Гаске вели дека квалитет на Федерер, Надал и Ѓоковиќ е над конкуренцијата.

„На сите ние кои сме им конкуренти проблемот не ни е од психички причини, туку во тоа што тие тројца немаат никакви мани, а мојата е сервисот. Тие се во врвна форма од јануари до ноември, без некакви падови во играта. Кај останатите големи тенисери како Андре Агаси и Пит Сампрас можеа да се очекуваат нешто послаби резултати на земја, додека Ѓоковиќ, Надал и Федерер се доминантни на сите подлоги“ – вели Гаске.