Францускиот тенисер Ришард Гаске истакна дека однесувањето на АТП не му се допаѓа, како и на оние кои го критикуваа Новак Ѓоковиќ во изминатиот период, поради организацијата на Адрија Тур.

„АТП е катастрофа. Ништо не им кажуваат на играчите за време на конференциите преку Зум“- изјави Гаске.

Покрај тоа Французинот се осврна и на критиките од Ник Киријос и другите тенисери кои одат на адреса од Новак Ѓоковиќ.

„Сите знаеме што Киријос зборува, но тоа е неважно. Никој не е совршен, никој не е тука за да им држи лекции на другите. Не ми се допаѓаа што некои тенесири го критикуваа Ѓоковиќ, тој не е Владата во Србија, постапи според нивните правила“- дециден е Французинот.