Српскиот тенисер и рекет број 1 во моментот Новак Ѓоковиќ со победа од 3-0 во сетови против германскиот тенисер Колшрајбер започна во одбрана на титулата на третиот Грем Слем годинава неофицијалното светско првенство во тенис Вимблдон.

Попларниот Ноле првиот сет го доби со 6-3, вториот го освои со 7-5, а во третиот триумфираше со 6-3.

Во второто коло Ѓоковиќ ќе игра против Кудла кој во првото коло со 3-0 сетови го совлада Јазири.