Новинар на Нов Зеланд, Марк Ризон, напишал срамен текст за најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ.

Во својата најнова колумна, Ризон кој е познато дека не е наклонет кој Ѓоковиќ, најпрво го коментира физичкиот изглед на тенисерот.

„Сѐ што има врска со Србинот е погрешно. Да почнеме од фризурата. Личи на кукла, како штотуку да дошол од војска. Дали нешто менувал во последните 10 години? Потоа на ред доаѓа гардеробата. Понекогаш помислувате дека прекарот „Ноле“ значи дека нема стил. Секогаш изгледа како момче кое тргнало на прв училишен час.“ – пишува Ризон.

Во продолжение тој вели дека рекетот број еден никогаш нема да биде најдобар.

„Кога еден новинар го праша Киријос кој е подобар тенисер, тој или Енди Мареј, Австралијанецот одговори дека тоа е секако Британецот. На констатација на новинарот дека не треба да го заборави Новак, Киријос одговори „кој е тој?“ И баш така, ако се прашувате кој е најдобриот некогаш и ако некој ви го спомене Ѓоковиќ, одговорот треба да ви биде „кој е тој“?“ – заклучува Ризон.