Бранителот на титулата и прв носител на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го одработи последниот тренинг пред утрешното соочување со Роџер Федерер во финалето на Вимблдон 2019.

„Добро се чуствувам, возбуден сум. Во финалето ќе играм со еден од моите најгоелми ривали. Тоа што Роџер имаше теѓок меч со Надал не значи дека ќе биде изморен. Тој е подготвен, ќе игра многу добро.“ – изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тениски ас признава дека постои поинаков протисок во однос на пресметките со Надал но верува дека соочувањето со Швајцарецот ќе биде уште една прекрасна тениска приказна.

„Убаво е да се видат два шампиони како се борат и секако дека Роџер ќе игра со максимална мотивација против мене. Нашето риваство се разликува од она со Надал. Кога играм против Федерер чуствувам дополнителен притисок поради нашата историја. Ќе играм на негов терен, местото на кое има толку многу трофеи и ќе ја имам шансата да го победам на неговата одмилена подлога“ – објаснува Ѓоковиќ.

Финалето на Вимблдон меѓу Ѓоковиќ и Федедер е закажано за утре на централниот терен со почеток од 15 часот.