Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, кој по четири години првпат ќе настапи на турнирот во Дубаи, доби „златна“ виза од ОАЕ во трење од 10 години.

Претходно, таква виза доби само Кристиано Роналдо, напаѓачот на Јувентус. Исто така, најавено е дека „златна“ виза ќе добијат и Луиш Фиго, Роберто Карлос, Пол Погба, Ромелу Лукаку, Миралем Пјаниќ, Дидие Дрогба, Ерик Абидал и Роџер Федерер.

Досега вакви визи добиваа само инвеститорите и предприемачите, но и специјалисти од областа на медицината, науката и уметноста.

Визата дозволува десетгодишно непречено живеење на територијата на ОАЕ.