Неверојатното неделно  финале на Вимблдон 2019 меѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер сеуште се прераскажува во светот.

Ѓоковиќ победи со 3-2, смета дека Федерер е легенда против која е задоволство да се игра, мечот го нарече како натпревар на сите времиња.

„ Ова беше најдобриот меч на сите времиња, ќе го памтам до крајот на животот, ќе им го прераскажувам на моите деца. Респект за Федерер за големата борба. Тениското „патување“ изминатите 12 месеци беше навистина фасцинантно. Верував во себе, бев  упорен  и посвете, имав голема поддршка од најблиските“ – напиша меѓу другото Ѓоковиќ на инстаграм.