Новак Ѓоковиќ во пресрет на завршниот Мастерс во Лондон на прашања на новинарите ги издвои своите највпечатливи моменти во досегашната кариера.

Србинот минатиот викенд ја осови рекордната 35 Мастерс титула, а покрај тоа има и 16 Гренд Слем титули со што го прави еден од најдобрите тенисери во историјата. За Ноле сепак и покрај сите победи и успеси два меча нема никогаш да ги заборави.

„ Финалето со Надал на Австралија Опен и финалето на Вимблдон оваа година се моите омилени мечеви што сум ги одигра. Тоа не е заради тоа што победив, едноставно бев почестен и горд што сум дел од едни такви епски дуели“-изјави Новак.

Завршниот Мастерс турнир во Лондон ќе се одржи од 10 до 17 ноември, а учество земаат најдобрите 8 тенисери на светот.