Австралија Опен година ќе се игра под коронавирус околности, организаторите на првиот Грен Слем трунир објавија дека сите тенисери кои ќе учествуваат на турнирот ги прифатиле условите за настап и протоколите.

Сите тенисери ќе мора да бидат во задолжителен 14-дневен карантин по пристигнувањето во Австралија, ќе бидат тестирани  на Ковид-19 повеќе пати, ќе имаат ограничено време надвор од хотелите и тренирање во помали групи дури по првата недела од престојот.

Србинот Новак Ѓоковиќ ги прифатил сите услови и протоколи за настап, тој и Шпанецот  Рафаел Надал ќе бидат во карантин во Аделаида.

Доколку биде прекршен протоколот, казната може да биде парична а може да има дисквалификација па дури и во покестремни ситуации и апсење и депортација од земјата, со забрана за влез во Австралија во следните години.