Србинот Новак Ѓоковиќ е најголем фаворит за титулата на годинашново издание на Ролан Гарос.

Најдобриот на светот во моментов, во првото коло за противник го има 80. на АТП листата, Микаел Имер од Шведска.

Мечот меѓу Ѓоковиќ и Имер ќе се игра во вторник, објави организаторот на турнирот. Трофејот го брани Рафаел Надал, натпреварите започнуваат од недела.