Новак Ѓоковиќ нема дилема кој ќе владее со светскиот тенис по неговото повлекување.

Според Новак, тоа ќе биде Гркот Стефанос Циципас, кого го совлада во финалето на АТП турнирот во Дубаи.

Целосно разбирам низ каков процес минува Стефанос Циципас, кој сега се спознава себе си, учи, созрева и почнува да разбира што е добро за неговиот живот и неговата кариера. Тој е млад, но веќе е зрел човек. Тој е многу паметен, всушност мудар. Му реков по мечот дека токму тоа најмногу ми се допаѓа кај него.

Според мене, тој ги има сите одлики на еден шампион. Тој има огромен потенцијал да биде светски рекет број 1, да освојува најголеми турнири и да биде амбасадор на нашиот спорт. Тој има извонредна иднина пред себе, убеден сум“, вели Ѓоковиќ.