Новак Ѓоковиќ е освојувач на Ролан Гарос

Србинот беше на работ на пораз, губејќи со 0:2 против Стефанос Циципас  а потоа покажа и зошто е прв рекет во светот подолго време. Новак  беше пред колапс, а потоа стави во поголема брзина и стигна до 19-та Грен слем титула и втора на Ролан Гарос, откако славеше во Париз и во 2016 година.

Циципас го доби првиот сет по голема борба, беше 7:6, а потоа во вториот се чинеше како Ѓоковиќ да се откажа прерано и тоа значеше сигурни 6:2  за Гркот кој  сугерираше дека може да слави против голем ривал.

Сепак, дојде до целосен пресврт , двапати 6:2 во третиот и четвртиот сет  и влегување во петтиот сет. Таму Ѓоковиќ брзо направи брејк, кој стручно го сочува до крајот и дојде до 6: 4 и нова голема победа. Мечот траеше повеќе од четири часа.

Сега Djоковиќ има само една помалку Грен слем титула од Рафаел Надал и Роџер Федерер  кои стигнаа до број 20.