Новак Ѓоковиќ е голем навивач на Црвена Звезда, шампионот на Србија вечерва игра со Јанг Бојс, реванш во плеј-офот во Лигата на шампионите.

Резултатот од Берн е извонреден за Црвена Звезда, има 2-2 по првите 90 минути во Швајцарија, и со почетните 0-0 тимот од Белград ќе стигне до групната фаза во Лш.

Ѓоковиќ одлично го започна настапот на УС Опен, лесно стигна до второто коло, имаше закажано тренинг вечерва но го одложи.

„Како да тренирам кога знам дека вечерва игра Црвена Звезда, имавме закажано тренинг во времето на одигрување на натпреварот, но кога сфатив дека се поклопуваме го одложив, ќе тренирам подоцна“ – изјави Ѓоковиќ.

Натпреварот меѓу Црвена Звезда и Јанг Бојс се игра од 21 часот на стадионот „Рајко Митиќ“ кој е комплетно распродаден.