Новак Ѓоковиќ е во незавидна ситуација, мора да се вакцинира, или да има доказ дека веќе е вакциниран доколку сака да настапи на Австралија Опен.

Србинот засега калкулира, но рокот за пријава истекува за шест недели, без сертификат за вакцина, нема настап на АО, доколку сака да игра на овој Грен Слем, ќе мора да се вакцинира до крајот на неделава.

„Пријавувањето за Австралија Опен се затвора шест недели пред турнирот, последен рок е 6 декември. Доколку Ѓоковиќ сака да игра ќе мора да се вакцинира оваа седмица“ – коментираат во медиумите во Австралија.