Првиот светски рекет Новак Ѓоковиќ одигра рутински меч со Филип Колшрајбер и без поголем напор го совлада со резултат 2:0 (6:3 и 6:1).

Со оваа победа Ѓоковиќ обезбеди настап во четврт-финалето на овој АТП турнир.

За место во полуфиналето Ѓоковиќ го очекува прилично незгоден противник – Русинот Карен Хачанов, кој го совлада Австриецот Денис Новак.

Ѓоковиќ ќе мора да го победи Хачанов, бидејќи во спротивно ќе ја загуби првата позиција на АТП листата, каде ќе го мине Рафаел Надал.