Новак Ѓоковиќ го совлада надал со 2:0 во финалето на АТП Купот и ова е негова 13-та победа во последните 15 меча.

Вкупно овие двајца тенисери се сретнуваат веќе 15 сезони и имаат одиграно вкупно 55 меча, што е рекорд, бидејќи никој не играл со некого почесто. Моменталниот резултат е 29:26 во полза на Ѓоковиќ.

Овие двајца тенисери вчера по девети пат се сретнаа во својство на прв и втор светски рекет. Осумпати победи Ѓоковиќ, а еднаш Надал, на „Ролан Гарос“ 2014, кога и го освои.