Петар Поповиќ тренерот на тенисерот Дамир Џумхур, му се заблагодари на Новак Ѓоковиќ за потегот со кој им помогна на спортистите во текот на зимскиот период.

Ѓоковиќ ќе им овозможи на тенисерите во Србија да тренираат на тениските терени во престолнината на државата.

„Посебна благодарност за Ѓоковиќ, кој реши да им помогне на српските тенисери, односно им обезбеди бесплатни терени, храна, топчиња, хотел и останати работи. Во зима терените се скапи за тенисерите, посебно за тие кои се од 700 до 1000. место на АТП-листата“- напиша Поповиќ на Инстаграм.