Новак Ѓоковиќ одигра безмалку перфектено во Мелбурн и покажа дека е во топ форма и покрај проблемите со повредата, но и со паузите поради Ковид-19.

„Годините се само бројка, не чуствувам замор и не сум исцрпен, се натпреварувам на највисоко ниво. Знам дека реалното а поинаква во однос на пред 10 години, во правец на енергијата и биологијата. Но чуствувам дека имам уште многу во себе. Се надевам дека ќе освојам уште грен слем титули.“ – вели Ѓоковиќ..

Српскиот тениски ас често е мета на најразлични критики на социјалните мрежи, но тоа него не го загрижува.

„Луѓето секогаш ќе се сомневаат во вас, но тоа е во ред. Го прифаќам фактот дека не можам да им погодам на сите, или дека не сум омилен на сите, а тие секогаш ќе бараат нешто негативно за мене, но тоа е во ред. Секако дека ме фрустрира, и јас имам чувства. Истовремено го почитувам фактот дека секој има право на свое мислење.“ – објасни Ѓоковиќ.