Ждрепката за завршниот тениски Мастерс во Лондон сакаше во иста група да ги спои Новак Ѓоковиќ и Роџер Федер во групата „Бјорн Борг“. И двата тенисери влегуваат како фаворити за пласман во полуфиналето, а шанса од сенка во оваа група ќе бараат Доминик Тим и Матео Беретини за кого ова е деби настап на овој турнир.

Во групата „Андре Агаси“ се наоѓаат Рафаел Надал, Данил Медведев, Стефанс Циципас и бранителот на титулата Александар Зверев.

Мастерсот во Лондон ќе се игра од 17 до 24 ноември.