Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ овој викенд ќе тренира во Рим со Енди Мареј, пренесе Ројтерс.

Ова ќе биде подготовка на Ѓоковиќ за вториот Гренд слем во сезоната Ролан Гарос, додека шкотскиот тенисер не играл од март минатата година, ша ова ќе значи негов обид по повредата да се врати на теренот.

Последен пат Ѓоковиќ и Мареј играа во 2017 година на турнирот во Доха.

Ролан Гарос почнува на 30 мај и ќе трае до 13 јуни.