Новак Ѓоковиќ во еден ден поточно во помалку од три часа, остана без два бронзени медали на Игрите во Токио. Ѓоковиќ најпрво загуби од Шпанецот Буста, за веднаш потоа да го предаде мечот за бронза во мешани парови.

Српските медиуми најпрво пишуваа дека станува збор за замор, но откриено е дека се работи и за повреда на рамото.

Поради тоа и се извини на Нина Стојановиќ, со која требаше да настапи во борба за бронзата во мешани парови.

„За жал, во четири мои настапи на Олимписките игри, трет пат сум поразен во полуфинале… Само еднаш освоив бронза. Секако, само под наводници, медал е медал, но за некои мој стандард, очекувањата и желби тоа не е идеален резултат. Им се извинувам на љубителите на спортот кои ги разочарав, затоа што знам дека многу од мене очекуваа медали, и јас исто. Жал ми е поради Нина што крајот не излеговме на теренот, но телото едноставно потполно ми откажа. Играв под лекови, ненормални болки, исцрпеност“– изјави Ѓоковиќ.