Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ не сака да оди во 14. дневен задолжителен карантин во Њујорк, доколку тоа биде обврска за Србинот, тој веројатно нема да настапи на УС Опен.

Ѓоковиќ им порача на Американците, доколку мора во задолжителен карантин, нема да настапи во Њујорк.

Според предлозите, тенисерите кои ќе допатуваат во Њујорк ќе мора да одат во карантин, но ќе им биде дозволено да тренираат и настапуваат, друго движење нема да имаат, тоа не му одговара на најдобриот тенисер на светот.

Србинот одбива да биде целосно затворен, дали ќе с еодржи УС Опен годинава ќе се реши кон крајот на месецот.