Рускиот тенисер, Аслан Карацев успеа да го совлада Новак Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот во Белград.

Русинот победи со 2: 1 по сетови 7:5, 4:6 и 6:4, во меч кој траеше помалку од три ипол часа.

Новак Ѓоковиќ изјави дека имал здравствени проблеми, но тоа не ја намалува вредноста на победата на Русинот.

„Карацев одигра храбро и сосема заслужено стигна до победата. Имав падови во мојата игра, но последниве два дена имав и здравствени проблеми, подготвен сум за игра во три сета, но во решавачкиот сет имав вртоглавица, за мене ова е разочарувачки крај на неделата на овој домашен турнир“ изјави Ѓоковиќ.