Новак Ѓоковиќ во моменто се наоѓа во Париз каде е дел од последниот Мастерс 1000 турнир годинава. Тоа го искористија француските медуми кои го прашаа што очекува во наредните години.

Српскиот ас изјави дека ако сака уште сега може да се повлече од тенисот, одговор кој поктрена лавина на реакции во светотот на тенисот.

„Немам обврски да се натпреварувам. Би можел да ја завршам кариерата уште утре. Татко сум на две прекрасни деца и не знам што ме чека. Би сакал да поминам повеќе време со нив, но засега добро се движам на двете полиња. Сè уште се чувствувам среќен на теренот, имам мотивација и инспирација, но не знам уште колку време“, рече српскиот тениср.

Во првото коло од Мастерост во Париз, Ѓоковиќ запиша сигурна победа од 2-0 против домашниот тенисер Муте, а во следното го очекува дуел против Кајл Едмунд.