Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ му се заблагодари на Горан Иванишевиќ што се согласил на соработка за време на Вимблдон, кој воедно почнува денес, и порача дека пораснал навивајќи за поранешниот шампион на Грен Слем во Лондон.
Иванишевиќ доаѓа во стручниот штаб на Ноле за да му помогне со советите, но и со искуството.
„Благодарен сум му на Горан што прифати да соработуваме на овогодишениот Вимблдон. Пораснав гледајќи го како игра на најголемите турнири и навивав за него на глас, а сега го имам на својата страна на мрежата. Верувам дека многу луѓе се возбудени поради нашата соработка, особено Ники Пилиќ. Драг Ники, ти благодарам што ми даде можност на Горан да му носам ужинка додека се подготвуваше за својот славен трофеј на Вимблдон 2001. Му благодарам на Вајда што прифати да го повикаме Горан во нашиот тим и уште повеќе да се зајакнеме пред овој важен турнир.“ – напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.
Be the first to write a comment.