Новак Ѓоковиќ во еден ден поточно во помалку од три часа, остана без два бронзени медали на Игрите во Токио. Ѓоковиќ најпрво загуби од Шпанецот Буста, за веднаш потоа да го предаде мечот за бронза во мешани парови.

Српските медиуми најпрво пишуваа дека станува збор за замор, но откриено е дека се работи и за повреда на рамото.

„Морав да се откажам поради повеќе повреди. Им се извинувам на навивачите, сакав до медал исто колку и тие. Дадов се од себе. Чест ми е да играм за Србија и сакам да настапам во Париз во 2024 година“– кажа Ѓоковиќ па додаде:

„Повреда е во прашање. Не една туку повеќе. Се надевам дека тоа нема да запре да учествувам на УС Опен, кој секако е следната голема цел. Не се каам што дојдов овде, ниту што сум дал се од себе. Како и би се каел? Тоа е нормална работа, логичко е кога си на Олимписките игри дека сакаш дадеш се од себе за на својата земја еден медал.“