Србинот Новак Ѓоковиќ го победи Кајл Едмунд со 2-0 и обезбеди четвртфинале на Мастерсот во Париз.

За Ѓоковиќ ова беше 50. победа во 2019 година, до неа стигна со 7:6 и 6:1, во четвртфиналето во Париз ќе се сретне со Стефанос Циципас.

По завршувањето на натпреварот Новак Ѓоковиќ беше опкружен со десетици свои поддржувачи на овој Мастерс од серијата 1000.