Секојдневно познати спортисти но и медицински лица објаснуваат што се случува во Србија со Ковид-19 и за многумина Новак Ѓоковиќ е главен кривец по организацијата на Адрија Тур и зголемениот број на заразени со вирусот. Поради ова, Новак Ѓоковиќ реши да објасни како тој се чувствува во моментов и какви му се плановите.

„Во последно време слушам само критики за мене, многу злонамерни. Очигледно е дека постои нешто повеќе во тие критики, како да постои некоја агенда, како да е лов на вештерки. Мора некој да падне, некоја личност, некое големo име да биде криво за се.“ – изјави Ѓоковиќ.

Српскиот тениски Ас ја прокоментира и неговата позиција пред рестартот на сезоната.

„Се уште не знам дали ќе играм на УС Опен. Во Вашингтон сигурно нема да настапам, Синсинати е во мојот план, Ќе учествувам на Ролан Гарос, тоа засега е сигурно, а планирам и во Мадрид и во Рим. Новиот начин на бодување на АТП е коректен.“ – додаде Ѓоковиќ.

Воедно од денеска во Србија повторно е воведен полицискиот час.