Новак Ѓоковиќ постави голем број рекорди и освои многу трофеи, па оттука можеби логична е и идејата за отворање на музеј кој ќе му биде посветен.

Таткото на најдобриот светски рекет, Срѓан Ѓоковиќ во телевизиско интервју открива дека во центарот на Белград идната година ќе биде отворен музеј за Ѓоковиќ.

„Музејот ќе го отвориме идната година. Голем е интересот на домашните и странски туристи, особено од Кинезите. Тој е неверојатно популарен во Кина. Музејот ќе се наоѓа на улицата Књез Михајлова“, изјавил таткото на Новак.

Целото семејство му ја пружа потребната поддршка на тенискиот ас, а гордиот татко се надева и на нова одбрана на титулата и освојување на УС Опен.